Новиот Fenix 7X на теренски тест во Крушево
Викендот го тестиравме новиот GARMIN Fenix 7X solar sapphire на Krushevo Trail Run ноќната трка.
Прво што ќе забележите, часовникот изгледа моќно. Цврста изработка со titanium рамка и карбонски елементи, сафирно стакло сега и комбинирано со соларно дополнување на батеријата. Батеријата во 7X е со зголемено траење. До 37 дена во smartwatch mode, од кои 29 редовна батерија и до 9 дена од соларно дополнување. Важен момент за долги trail run патеки е батерија до 89 часа со GPS и дополнителни 33 часа од соларно дополнување што ви дава доверба дека ќе имате батерија и за екстремни трки и тури.
Тестиравме во trail run mode, со вклучени сите функционалности + led flash light на максимален интензитет и добивме резултат над 6 часа, а ако само се намали интензитетот на светлото веќе имате придружник во ноќта и до 55 часа.
Забележлив е и побрз прием и конекција со сателити што се должи на на multi-band прием и обработка на навигациски сателити од повеќе системи истовремено.
Вградени детални топо мапи исто така се помош, посебно кога прв пат се наоѓате на планински терен во ноќни услови.
Функција која можеби и најмногу ја користевме во тестот беше flash light. Одлично ја осветлува патеката пред вас, супер рефлектира од ноќната маркација, а има и red light SOS функција во случај на незгода.
Унапредено е и менито на користење на апликациите, сега и со можност за користење екран на допир, кој во одредени апликации сам се деактивира.
Многу функции веќе ви се познати, а сега само унапредени, со подобра визуелизација.