GARMIN BaseCAMP – софтвер за outdoor теренски анализи
Терен? Дали рекреативно, или професионално за натпревари или можеби Вашата служба е поврзана со терен?
GARMIN BaseCAMP е софтвер, одлична алатка за анализа и подготовка на Вашето движење низ теренот.
Еве на пример, сакаме мала прошетка со фамилијата, секако вклучени се и помали деца, па мораме добро да ја предвидиме патеката за движење во планина, секако за да можат сите без поголем напор да ја поминат 🙂
GARMIN BaseCAMP ни нуди комплетна информација за трасата која сме ја креирале за движење. Должина, надморска висина и искачување на секоја делница и многу други информации поврзани со теренот по кој ќе се движите …..
Креираната траса можете да ја пренесете на Вашиот GARMIN GPS уред и да се движите релаксирано, без мисла дали ќе залутате низ теренот.
Ако пак сакате Вашиот GARMIN GPS уред на кој ќе ја користите трасата да Ви дава и детални инструкции каде и кога да свртите, трасата може да се конвертира во “рутабилна” патека.
Контакт со GARMIN во Македонија
www.garmingps.mk | info@garmingps.mk | 078 306 200