Вила ИВАН – Беровско Езеро – добар избор за релаксиран одмор
Размислувате за неколку дена во планина?
Во околината на Беровско езеро има одлична природа а и неколку планински куќи – вили кои нудат сместување.
Ние по случаен избор одлучивме да се сместиме во ВИЛА ИВАН, и секако не згрешивме 🙂
Вилата има неколку апартмани, пристојно средени со се што е потребно за удобен престој во планина, дури и камин за зимски денови. До вилата се стигнува по асфалтен пат, и 50 метри камен пат.
Опкружена е со прекрасна природа, убав поглед, можности за планински прошетки, планинарење, планински велосипедизам.
Најлесно ќе стигнете ако користите GARMIN GPS и координати на Вила ИВАН – Беровско Езеро
N 41.678145, E 22.898433
Возете директно до локација со GARMIN навигација – www.garmingps.mk