ПРЕПОРАКА: GARMIN vivoactive 4 smart часовници ››
Smart брава за Вашиот стан и канцеларија?
Danalock ›
ПОПУСТ: 5% ЗА ONLINE НАРАЧКИ ››

Политика на приватност

ПРИВАТНОСТ и Заштита на лични податоци

Собирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со заштитата на личните податоци.

Вашите сесии на garmin.mk се заштитени со најсовремена TLS – SSL заштита.

ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пр. Вашето име, Вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. garmin.mk не собира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пр. кога нарачувате или се пријавувате.

УПОТРЕБА И ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

garmin.mk преку економскиот оператор Навигатор ИТС дооел Скопје ќе ги употреби вашите лични податоци исклучиво за испорака и наплата на вашата нарачка и за технички потреби за интернет страницата  за да ви овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со вас. garmin.mk нема да ги продаде вашите лични податоци на трета страна, ќе ги користи исклучиво за технички потреби, испорака и наплата на нарачката.  garmin.mk во целост ја почитуваа доверливоста на вашите лични податоци.

COOKIES

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата интернет страна да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите интернет страната на garmin.mk. garmin.mk ги употребува Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата интернет продавница. Повеќе за колачиња (cookies) на овој линк >>

МАЛОЛЕТНИЦИ

garmin.mk им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на garmin.mk без дозвола од нивните родители или старатели. garmin.mk никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.

ПРАВО НА ИНФОРМАЦИИ

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив; Ве молиме контактирајте не.

Офицер за заштита на лични податоци
GDPR officer
Јасмина Иљовска Тушев
email: jasmina@garmin.mk
contact: 077 864 777

GARMIN authorized store
НАВИГАТОР ИТС дооел
Бул. Партизански одреди бр.107
1000 Скопје
info@garmin.mk
+389 76 306 200

СЛОБОДА НА ИЗБОРОТ

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на garmin.mk. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци, Ве молиме имајте во предвид дека може да не ви бидат достапни некои делови од интернет продавницата.

АВТОМАТСКИ СНИМЕНИ ПОДАТОЦИ (НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ)

Кога ќе се вклучите на интернет страната на navigator.mk, општите не-лични информации (кој интернет пребарувач е користен, број на посети, просечно време поминато на страната) автоматски се снимаат (не како регистрација). Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата интернет продавница и за да ја подобриме содржината и функционалноста. Нашата страница користи и cookies од светски провајдери како Google и Facebook за кој важат нивните изјави за лични податоци.

БЕЗБЕДНОСТ

navigator.mk се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.

ВРСКИ СО ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИ

Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на сите официјални интернет страници во сопственост на Гиззо Консалтинг дооел, и овластениот продажен партнер Навигатор ИТС дооел Скопје . Интернет страниците во наша сопственост може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од navigator.mk, на кои што оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува. Кога ќе ја напуштите интернет страната на navigator.mk, Ве молиме бидете свесни и прочитајте ги изјавите за лични податоци на секоја интернет страница во сопственост на трети страни.

ОБЈАВА ЗА ПРОМЕНИ

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страна и на други места за кои сметаме дека се соодветни.